social image

1990

Почетоците на Агрома датираат од 1990 година, како едно од првите приватни претпријатија во Струмица кое се занимава со трговија и книговодствени услуги. Уште од самите почетоци ги носиме епитетите чесност, сигурност и доверливост.

1993

Од 1993 година Агрома започнува соработка со словенскиот бренд за прехранбени ароми и бои „ETOL“ и почнува да се пробива на пазарот за прехранбени производи, област која станува основна дејност на компанијата.

1996

Од 1996 дел од деловните активности се прошируваат и во Скопје, постепено и стабилно проширувајќи го и надополнувајќи го сопствениот асортиман и растејќи на професионален план.

2001

Почеток со активно учество на Саемски манифестации.

2008

Во 2008ма година успшено е имплементиран HACCP систем кој ја отсликува професионалноста во работењето на Агрома.

2009

Во 2009 година е креирана првата веб страна, со цел да се следи дигитализацијата и да им се овозможи на клиентите полесно запознавање со асортиманот.

2014

Поради континуираниот раст и развој, купено е земјиште во Општина Илинден каде започнуваат подготовки за нов инвестициски циклус.

2018

Во 2018 година производството на Агрома се сели во сопствен објект, изграден и опремен по највисоки стандарди со цел да се овозможи врвен квалитет, со стандардизација и имплементација на HACCAP систем и ISO 22000.

2020

Во 2020 година е пуштен во употреба нов современ логистички центар во Кадино, општина Илинден. Опремен и прилагоден според потребите на компанијата, со зголемен капацитет на магацински простор, разладни комори и возен парк.

Административниот објект располага со сала за презентација, опремена со најсовремена технологија која служи за креирање и развивање нов асортиман, решавање проблеми и едукација на нашите клиенти преку обуки со технолози и технички специјалисти во прехранбениот сектор.

2024

Денес Агрома е компанија со над 35-годишно искуство и специјализација во трговијата со прехранбени суровини и полупроизводи. На нашето портфолио има повеќе од 1000 активни производи, од реномирани производители – лидери во својата дејност. Опслужуваме голем број клиенти од прехранбената индустрија, пекарство, слаткарство и хорека преку развиената дистрибутерска мрежа со достава “од врата до врата“.

Благодарение на ефикасноста и флексибилноста во комбинација со досега стекнатото знаење и искуство, Агрома денеска е компанија со високо квалитетен кадар од над 50 вработени, подружници со дистрибутивни центри во Скопје и Струмица. Во овие објекти може да се погледне целокупната понуда на производи.

Визија

Да ја видиме нашата прехранбена индустрија како успешно се носи на светскиот пазар, а домашните занаетчиски производители како ни нудат храна со европски квалитет!

Мисија

Да и помогнеме на прехранбената индустрија да конкурира на светскиот пазар со суровини со највисок квалитет по конкурентни цени.


На домашните занаетчиски производители да им понудиме креативни решенија и полупроизводи со висок квалитет и прифатливи цени, со цел да им понудат повеќе вредност на потрошувачите.

Тргнувајќи од визијата, ние успешно ја спроведуваме нашата мисија повеќе од 35 години. Како досега, така и во иднина неуморно продолжуваме кон целосно и поквалитетно остварување на истата.

Вредности

Она што се трудиме да го имплементираме низ работата се лојалноста, искреноста и кредибилитетот.

Постоиме за да им помогнеме на нашите клиенти и секогаш се трудиме да ги задоволиме нивните потреби, но и да ги надминеме нивните очекувања.