social image

Нашиот тим е составен од високо стручен кадар, специјализиран во својот домен на работа.

Луѓето се најважниот ресурс и тие ја претставуваат додадената вредност во нашата компанија. Преку тимската работа ние заедно го даваме максимумот едни за други, со цел подобрување и олеснување на работата. Обезбедувањето најдобра услуга и вредност за клиентите е наш оптимум.

Патот преку кој го постигнуваме тоа се нашите принципи:

 

  • напорна работа
  • самооткажување
  • интегритет
  • доверливост
  • радост и исполнетост

Нашиот тим постојано напредува и превзема нови предизвици. Секојдневно се трудиме да бидеме креативни, да се подобруваме и да ја зголемуваме довербата кај клиентите, исполнувајќи ги нивните специфични барања и потреби. Постојаните обуки, развојот и специјализација на кадарот не водат напред.

Водејќи се од фактот дека нашиот бизнис секојдневно станува се покомплексен, Агрома е постојано отворена за нови, трудољубиви, амбициозни, образовани и талентирани кадри.

Вработувањето во Агрома претставува соединување со едно поголемо семејство. Во нашата работна средина квалитетот се почитува и наградува, а можностите за професионален развој и стручно усовршување се на високо ниво. Да се биде дел од нашата компанија, значи да се биде личност од доверба, која знае да се посвети на работата, да имате тимски дух, да бидете креативни и расположени за константно учење, со желба за постојано исполнување на потребите на нашите клиенти.

Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим и да влезете во процесот на селекција на кадри при идни вработувања, може да го испратите вашeтo CV на:

jobs@agroma.com.mk

Напомена: Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашето CV за вработување за идните потреби на нашата компанија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Ние гарантираме дека освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниедна друга цел, ниту пак достапни на трети лица.